Фото: instagram.com/aquilabaskettrento

Јакимовски втор стрелец во дуелот против Виртус Болоња

Во петтото коло од најсилното италијанско кошаркарско првенство екипата на Тренто загуби на домашен терен со 102:83 против Виртус Болоња.

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски настапи за тимот на Тренто и беше втор стрелец со 12 поени (шест скока, две асистенции) за 25 минути игра на паркетот.

Поефикасен од нашиот играч беше само Камерунецот Џордан Бајехе со 13 поени. На спротивната страна Американецот Мет Морган беше прв стрелец со 17 поени, следен од неговиот сонародник Карсен Едвардс со 15.

За Тренто ова е втор пораз во шампионатот и се наоѓа на седмото место со шест бодови.

Виртус Болоња по четвртата победа е на второто место со осум бодови, колку и водечката Бреша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот