Фото: instagram.com/aquilabaskettrento

Јакимовски со рекорд на сезоната во Еврокупот

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра неверојатен натпревар во победата на Тренто над првопласираниот тим од Б групата, Бруж. На крајот, Тренто славеше со убедливи 91-73, а Јакимовски го одигра најдобриот меч во својата кариера.

Со индекс 43 поени, Јакимовски постави рекорд на сезоната во Еврокупот. На теренот заврши со 30 поени, три асистенции, седум скока и две украдени топки.

Со овие бројки, македонскиот репрезентативец се наметнува како главен кандидат за признанието МВП на колото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот