Јакимовски: Со години имаме недостаток на кадар во градинките, а бројот на деца расте
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефчо Јакимовски денеска на започнувањето на реновација на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе, изјави дека Општината и градинките се соочуваат со голем дефицит во персонал, односно недостаток на воспитувачки и негователки, кој според него влијае врз квалитатетот на воспитување и згрижување на дечињата, и ги повика сите надлежни институции да се усогласат и да помогнат во решавање на овој проблем.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ги повикувам и Министерството за финансии, Министерството за социјална политика, демографија и млади и други надлежни инстутиции, да овозможат нови вработувања во градинките во Општина Карпош, бидејќи, постојано се соочуваме со одлив на кадар, преку одење во пензија, а нови вработувања нема. Дотолку повеќе што , бројот на жители постојано се зголемува во нашата локална самоуправа, а со тоа и потребата од проширување на постојните и изградба на нови сместувачки капацитети за нашите најмали жители. Напоменувам, дека овој проблем го имаме, не само со актуелната влада, туку постојано се провлекувал и со сите претходни влади“, истакна градонаќалникот.
Јакимовски за во иднина најави изградба на нови градинки во населеното место Злокуќани, како и две нови градинки во населбата Нерези.


