Фото: instagram.com/aquilabaskettrento

Јакимовски постигна 30 поени против германскиот Кемниц во Еврокупот

Андреј Јакимовски, беше убедливо најдобриот кошаркар во редовите на италијанскиот Тренто, во дуелот со Кемниц во рамките на осмото коло од Еврокупот.

Одличната партија на Македонецот во која постигна 30 поени, не беше доволна за победа на својот тим, затоа што на крајот германската екипа славеше со 105:94.

За нешто повеќе од 26 минути минати на паркетот, нашиот репрезентативец постигна 30 поени (3/8 за три поени, 6/9 за два, и максимални 9/9 од линијата за слободни фрлања), а имаше и осум скока, пет од нив во фазата на нападот.

За Тренто ова беше петти пораз во Еврокупот, а има и три победи за моментно осмо место на табелата.

Во следното коло италијанскиот претставник ќе игра против германскиот Улм на гости на 12 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот