Јакимовски и Тренто едвај до триумф над Паниониос во Еврокупот
Денеска во 14 коло од Еврокупот кошаркарите на Тренто на домашен терен потешко од очекувањата дојде до победата над Паниониос со резултат 88:87.
Препорачано
Грчкиот претставник беше блиску до изненадување, во последната четвртина имаше и пет коша разлика, но во самиот финиш кој донесе многу возбудувања, се радуваше италијанската екипа која дојде до значаен триумф во натпреварувањето.
После осмата победа сезонава Тренто е на петтото место и е во трка за една од позициите кои водат во плеј-офот, додека Паниониос е на последната 10 позиција (2-12).
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски во денешната победа за 16:52 минути на паркетот придонесе со седум поени и еден скок.
Кај неговите соиграчи најефикасен беше Американецот Ди-Џеј Стјуард со 16 поени, и по четири скока и асистенции, а на спротивната страна доминираше Гиоргиос Цалмпурис со 19 поени и пет скока.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


