Јаховиќ потпиша за Малатијаспор

Поранешниот македонски репрезентативец кој три години со голем успех настапува во турскиот шампионат, е нов играч на Јени Малатијаспор.

Јаховиќ доаѓа како екстра засилување на Малатијаспор кого го очекува настап во Лигата на Европа и се очекува македонскиот интернационалец да биде нов предводник на нападот на турската екипа.

Адис Јаховиќ во Јени Малатијаспор доаѓа од екипата на Коњаспор за која во минатата сезона на 29 натпревари постигна 10 голови. Претходно, Јаховиќ играше и за екипата на Гозтепе за која на 49 натпревари даде дури 35 голови во сите натпреварувања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот