„Јадранка“ на попуст: Нема интерес за јахтата на Тито

Црногорската влада објавила ново наддавање за продажба на јахтата на Тито „Јадранка“ и притоа ја намалила цената од 80.000 на 50.000 евра.

Најлуксузната јахта која Тито ја имал на располагање е изградена во 1977 година во хрватското бродоградилиште во Краљевици. Јахтата се наоѓа во пристаништето Бар.

Во јахтата, како што истакнуваат во црногорското Министерство за одбрана е вграден најквалитетен и најлуксузен материјал за тоа време, од махагони до тиковина, додека преградите се изработени од специјални челични легури.

Јахтата има три салони за дневен престој, два апартмани и две помошни кабини за гости. Имала 8 лежаи, а на дневен престој можела да прими 30 гости.

Медиумите во Подгорица велат дека претседателот на СФРЈ со неа пловел 24 пати.

Цената на „Јадранка“ е намалена бидејќи првото наддавање не привлекло голем интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот