Јадете боровинки почесто, може да има огромна корист за вашето здравје

боровинки
Фото: Unsplash / Abigail Lynn

Боровинките не само што имаат добар вкус, тие се полни со многу здравствени придобивки. Всушност, тие се вид на „супер храна“ се вели во неодамнешното истражување објавено во „The Journals of Gerontology“.

Доколку јадете само 200 грама боровинки секој ден, потенцијално може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести дури до 20%. И, тоа не е сè!

unsplash

Нутриционистката Ела Давар вели: „Боровинките се едни од најздравите плодови,не само поради тоа што се полни со витамин Ц, туку тие содржат и антиоксиданти, фитонутриенти и влакна кои штитат од оксидативниот стрес“.

Тие можат да помогнат во работата на мозокот, да ја подобрат вашата меморија, да го зајакнат вашиот вид, па дури и да помогнат во борбата против рак. Да, добро прочитавте.

Според Џен ЛаВардера, регистриран диетичар и експерт за исхрана боровинките се борат против ракот, ги блокираат воспаленијата, го спречуваат оштетувањето на ДНК и ги убиваат канцерогените клетки.

unsplash

Поради високата концентрација на витамин Ц и антиоксиданси, боровинките исто така можат да направат „чуда“ за вашата кожа“.

Темната сино-виолетова боја што ги прави боровинките толку прекрасни, во превод значи и дека ѝ помагаат на нашата кожа да изгледа помладо. Бојата на боровинките е резултат на соединенија наречени антоцијанини – моќни антиоксиданси кои ја штитат кожата од штетните слободни радикали кои го оштетуваат колагенот што ја одржува вашата кожа цврста.

Па, како можете да ги интегрирате боровинките во вашата секојдневна исхрана? Многу е полесно отколку што мислите.

unsplash

Едноставно додајте ги во вашето утринско смути, овесна каша за појадок, во јогурт или едноставно јадете ги сами.

unsplash

Боровинките можат да бидат совршена закуска на вашето работно место и одлично задоволство после вечера доколку сакате да го одбегнете десертот. Можете дури да ги искористите како засладувач во мафини и колачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот