Невена, Тања и Лидија Кочовски / Фото: Инстаграм/Лидија Кочовска

„Ја бакнував мајка ми во вратот за да се сети која сум“: Емотивен спомен на легендарната Невена Кочовска

Невена Кочовска, легендарната пејачка на „Мањифико“ која почина на 25 август во 2022 година, последниот настап со сопругот Панче и со ќерките Тања и Лидија го имаше во 2017 година.

Токму од тој настап, слика објави „Златна бубамара на популарноста“. Мноумина во публиката заплакаа не знаејќи дека Панче и Невена Кочовски со ќерките на настап во живо ги слушаат токму тогаш. Невена со години боледуваше од Алцхајмерова болест.

Фото: Фејсбук/„Златна Бубамара на популарноста“

Во една прилика Лидија Кочовска отворено зборуваше за болеста на својата мајка.

„Првите симптоми се подзаборавање. Таа беше свесна за тоа, и ден-денес е свесна дека подзаборава. И кога ѝ проработува свеста, зборувам за сега кога веќе болеста е во подмината фаза, знае многу често да рече: ‘Извинете, заборавам, повторувајте ми почесто’. Таа е тип на човек која е многу свесна за својата болест. Да не ја наречам болест, да ја наречам состојба. Значи почна со подзаборавање, повеќе и повеќе и на крај почнуваа да се случуваат чудни реакции. Поголема нервоза на моменти. Нам не ни беше јасно, ние сето тоа го гледавме како деменција, заборавање, но подоцна сфативме дека не е тоа, дека се работи за нешто повеќе, за нешто покомплицирано“, рече Лидија за „ММС“.

Лидија Кочовска со мајка ѝ Невена / Фото: Инстаграм/Лидија Кочовска

„Мајка ми до последно ги пееше песните кои ги пеела порано. Мене мајка ми никогаш не ме заборави. Таа можеби не ме познаваше на почетокот. Но, ако почнев да ги правам работите кои секогаш сме ги правеле, од начинот на гушкање, до моментот кога само ќе ѝ кажев ‘мамо’, само ќе ме погледнеше. Ме познаваше оти секогаш ја бакнував во вратот, а таа не сакаше, и се смеевме за ова. Кога ќе ѝ кажев ‘мамо’, бело ќе ме погледнеше, ама кога ќе ја гушнев, само ќе ми кажеше ’мајкино’. Така што, мајка ми никогаш не ме заборави. Да не зборувам за пеењето. Музичката хармонија е математика. Мајка ми таа математика не ја заборави никогаш“, рече Тања Кочовска на настанот „Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе“, посветен на деменцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот