Фото: Портал икс / Принтскрин

Извршителката Весна Јакимовска е условно осудена за нападот врз новинарот Салиу

Извршителката Весна Јакимовска е прогласена за виновна за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, при што ѝ е изречена условна казна затвор од шест месеци. Според пресудата на Судот, казната нема да се изврши доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.

Настанот се однесува на случај од март 2024 година, кога, како што е наведено во пресудата, со употреба на сила и сериозна закана бил спречен новинарот Фуркан Салиу да извршува професионални задачи.

Пресудата на Фејсбук ја објави Салиу и најави дека ќе ја обжали.

„Спречување службено лице во вршење службено дејствие се казнува со условна казна од 6 месеци. Која е поентата новинарите да се водат како службени лица, ако за напад врз нив судот напаѓачите ги казнува со условна казна?“, напиша Фуркан Салиу и наведе дека пресудата ја смета за „морална победа“, но не и за задоволителна правна разрешница.

Извршителката Јакимовска е приведена поради напад на новинар и полицаец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот