Извештај на Стејт департментот за Србија: Загрозени се правата на новинарите, инвалидите и ЛГБТ популацијата

Стејт департмент/ Фото: МИА

Сериозни ограничувања на слободата на истражувањето и медиумите, вклучувајќи насилство, закани за насилство и неоправдани апсења и кривичен прогон на новинарите, бројни дела на корупција во власта, насилства или закани за насилства насочени кон лица со инвалидитет, како и на ЛГБТ популацијата, се клучни проблеми во Србија во однос на човековите права, се заклучува во новиот годишен извештај на Стејт департментот за почитувањето на човековите права во светот.

Во дел од извештајот за Србија се наведува дека српската влада „презела чекори за да ги идентификува, истражи, кривично гони и казни функционерите кои ги прекршиле човековите права, како во полицијата, така и на други позиции во владата, откако јавноста открила злоупотреба“, но дека „сепак, многу набљудувачи веруваат дека бројните случаи на корупција, социјално и семејно насилство и останатите злосторства остануваат непријавени и неказнети“.

За слободата на медиумите, Стејт департментот оценува дека во Србија слободата на изразувањето гарантирана со Устав е загрозена со заканите и нападите на новинари, недостаток на транспарентност на сопствеништво над медиумите и големиот удел на државата во медиумскиот сектор.

Со потсетување на оценките од извештајот на „Фридом хаус“ и „Репотери без граници“, Стејт департментот во извештајот заклучува дека „нерамнотежата меѓу медиумската покриеност и големата количина на лажни или непроверени вести продолжуваат да ја загрозуваат способноста на граѓаните за позначајно учество во демократскиот процес“.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот