Израелски авиони пукаа врз 15 цели во Појасот Газа, погодена и воена база за производство на оружје

EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелската војска изврши серија воздушни напади рано утринава врз цели во Појасот Газа, неколку часа откако беа истрелани две ракети од таа палестинска територија кон јужните израелски градови Ашкелон и Ашдод, каде израелскиот премиер Бенјамин Нетнјаху одржуваше предизборни митинзи.

Борбени авиони погодиле 15 цели низ Појасот Газа „вклучувајќи повеќе цели во воена база каде се произведувало оружје, цели во поморски комплекс и терористички тунел што припаѓаат на терористичката организација Хамас, пренесуваат израелски медиуми.

Војската соопшти дека смета дека Хамас, кој управува со Газа, е одговорен за ракетниот оган.

Палестински извори известија за жестоки напади и експлозии во Беит Лахија северно од градот Газа и Деир ел-Балаху во централниот дел на појасот, како и Кан Јунис на југ.

Нема информации за повредени лица.

Нападите следуваа откако Нетанјаху, кој истовремено е и министер за одбрана, се состана со воените команданти и началниците на Мосад и безбедносната служба Шин Бет во воениот штаб во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот