Израел очекува долга војна во Газа, испраќа некои резервисти дома

izraelska armija/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелската војска го приспособува распоредувањето на своите војници во очекување на долга војна во Појасот Газа и им дозволува на некои резервисти привремено да се вратат во цивилниот живот, пренесе ДПА.

– Целите на војната бараат долги борби и ние соодветно се подготвуваме, рече синоќа портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари.

– Мудро го планираме управувањето со силите кои работат на терен, внимавајќи на резервниот систем, економијата, освежувањето на силите и продолжувањето на процесите на борбена обука во ИДФ, додаде тој.

Хагари информира дека некои од резервистите оваа недела „ќе се вратат кај своите семејства и на своите работни места“.
Тој рече дека ова ќе ја олесни економијата на Израел и ќе им овозможи на резервистите да „соберат сила за претстојните активности“ во новата година.

Борбите ќе продолжат, а резервистите сè уште ќе бидат потребни. Дополнително, ќе продолжи обуката на офицерите, додаде тој.

Следејќи ги нивните искуства во битката во Појасот Газа, тие ќе добијат дополнителна обука за да ги зајакнат редовите на командантите, рече портпаролот на ИДФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот