Архивско фото: EPA/MOHAMMED SABER

Израел намерно гаѓа болници, велат здравствени работници од Либан

Израелските бомбардирања намерно ги таргетираат медицинските објекти и персоналот во јужен Либан, тврдат тамошни локални здравствени работници. Според нив, се користи тактика на „двоен удар“ како дел од систематски обид да се направи животот невозможен во една област, пренесува Гардијан.

Од почетокот на конфликтот, Израел погоди најмалку 128 медицински установи и амбулантни возила, при што загинаа 40 здравствени работници, а 107 беа ранети, објави либанското Министерство за здравство. Војната започна откако Хезболах лансираше ракети врз Израел, предизвикувајќи израелска воена кампања.

Многу од нападите се случиле додека медицинскиот персонал бил во амбулантни возила или центри за прва помош, од кои неколку беа уништени. Израел, според очевидци, извршил најмалку пет двојни напади – прво еден удар, потоа пауза, дозволувајќи им на медицинските екипи да пристигнат, па потоа втор удар.

Во израелски напад во јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

Израелската војска ги отфрла обвинувањата и тврди дека Хезболах користи амбулантни возила за воени цели, но либанското министерство за здравство го осуди обвинувањето како обид за оправдување на воените злосторства.

Според медицинските работници, нападите се дел од пошироките израелски напади врз цивилната инфраструктура со цел да се направи животот во јужен Либан „непогоден за живеење“.

Болничарите ја прилагодуваат работата за да преживеат – тимовите се намалени, не се собираат заедно, спијат во амбулантни возила.

Бројот на повредени се зголемува. Во 17 дена борби, повеќе од 1.000 луѓе загинале, а 2.584 биле ранети.

„Лажни вести“, вели Нетанјаху за информациите дека Израел ја вовлекол Америка во војната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот