Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

„Лажни вести“, вели Нетанјаху за информациите дека Израел ја вовлекол Америка во војната

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција ги отфрли тврдењата дека Израел ги вовлекол САД во војната, нарекувајќи ги таквите извештаи „лажни вести“, пренесува Дојче веле.

„Оваа измислица дека ги вовлековме САД во војна не е само измислица – туку е апсурдна“, рече тој.

„Тоа се лажни вести. Дали некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави? Трамп секогаш ги носи своите одлуки за тоа што мисли дека е добро за Америка и за идните генерации. Не морав да го убедувам американскиот претседател за потребата да се спречи Иран да ја развива својата нуклеарна програма. Нашето партнерство со Трамп е единствениот начин да се избегне овој катастрофален развој“, додаде израелскиот премиер.

Запрашан дали Израел го информирал Трамп за неодамнешниот напад врз иранските гасни полиња, Нетанјаху кажа дека „Израел дејствувал сам“.

„Претседателот Трамп нè замоли да се воздржиме од идни напади и ние го сторивме тоа“, посочи тој.

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да го притиска Иран, им ги кршиме коските

Нетанјаху изјави дека по 20 дена војна Иран веќе не е во можност да збогатува ураниум и да создава балистички проектили.

„Ќе ги уништиме во целост сите тие капацитети. Го уништивме капацитетот на Иран до таков степен што не може да го постигне она што го планираше“, кажа Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот