фото: Слободен печат/Драган Митрески

Изнесени отпадни 4,2 тон иницијатори и 5,3 тони разни отпадни хемикалии од „Охис” Скопје

Со реализацијата на последниот извоз на отпадни 4,2 тони иницијатори и 5,3 тони разни отпадни хемикалии, Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје во целост ги исполни обврските дефинирани во договорот за „Проект за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС” Скопје” и успешно го заврши проектот кој беше прв од ваков тип на територијата на РС Македонија.

Со упорноста, истрајноста и знаењето Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје ја потврди својата мисија дека е компанија која што активно учествува во заштитата на животната средина ги следи светските трендови, воведува континуирана обука и надградување на знаењето на вработените и имплементирање на нови, иновативни практики, истакнаа од Екоцентар 97.

Од Друштвото наведоа дека на ден 19 февруари 2021 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно се извршил утовар на нето количина 4,2 тон иницијатори и 5,3 тони отпадни хемикалии со поминат, односно отпадни киселини, алкохоли и растворувачи. Отпадните хемикалии биле транспортирани со специјално АДР возило и за време на транспортот се вршел континуиран мониторинг на температурата во возилото.

– Транспортот се одвиваше без никакви проблеми низ Р Србија, Унгарија, Австрија, Грманија и на ден 24.02.2021 година пристигна во инсенераторот во близина на Лион, Франција. По уредно завршената царинска постапка, се изврши прием на отпадните опасни хемикалии и нивен истовар. Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме потврда за уништување на отпадните иницијатори и останатите отпадни хемикалии, додаваат од Екоцентар 97

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот