Сара Мејс / Фото: Фејсбук/Сара Мејс

Изненадувачка фотографија од Сара Мејс и Стефан Николовски: Ептен блиски и се „валкаат“ во брашно

Сара Мејс е многу блиска со Стефан Николовски, познат актер, стендап комичар и едно од најпопуларните млади лица на социјалните мрежи.

Се појави изненадувачка слика од познатата пејачка и харфистка со комичарот токму пред Денот на вљубените на која изгледаат доста блиски. Сара не сакаше да ја коментира сликата на која таа и Стефан се во опуштена атмосфера, во кујна, речиси целите покриени со брашно. Дали претерале Стефан и Сара и во што точно, проценете сами.

Фото: Скриншот

Поп-пејачката и харфистка, минатото лето летово ја промовираше новата песна „Убав е“ и видеоспот што го снимаше во Грција. Таа беше актуелна и со настапот на свеченото отворање на Европската младинска олимпијада во Скопје.

Сара, со својот вокален женски квртет „Сара Мејс енд д грлс“ во кој со неа пеат Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова, заедно со Божиќниот оркестар предводен од маестро Иван Еминовиќ, одржаа серија предновогодишни концерти низ Македонија.

Таа е во брак со водителот Димитар Атанасовски и имаат две деца, Илина и Кирил.

„Главната работа е да не престанеш да создаваш. Ако во некој момент немаш нешто подобро од претходното — не е ништо страшно. Затоа треба да дозираш. Буквално, кога ќе сфатам дека сме претерале, кога почнувам да им станувам напорен на луѓето и ‘излегувам од фрижидер’, си велам: ‘Чекај малку. Или ќе намалиме, или ќе смислиме нешто ново’“, рече Стефан Николовски во интервју за „Слободен печат“.

Со Ана на ТИ | Стефан Николовски: Не сакам на луѓето да им „излегувам од фрижидер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот