Стефан Николовски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Стефан Николовски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Со Ана на ТИ | Стефан Николовски: Не сакам на луѓето да им „излегувам од фрижидер“

Вечерва во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“ во новата епизода на поткастот „Со Ана на ТИ“ гостува Стефан Николовски – актер, стендап комичар и едно од најпопуларните млади лица на социјалните мрежи.

Стефан е млад човек кој знае да ја освои публиката – било од театарската сцена во Велес, било преку неговите хит-видеа на интернет. На Јутјуб го следат илјадници благодарение на серијалот „Виц битка“, каде што со познати личности разменува вицови и создава моменти што станаа вистински интернет хитови.

Но неговата уметничка приказна не застанува тука. Стефан игра и на театарската сцена, а дел е и од последниот филм на Милчо Манчевски, „Збогум Копакабано“ – едно значајно искуство за млад актер кој брзо го гради својот професионален пат.

Во разговорот зборувавме за тоа како стигна до ова ниво на популарност, што се крие зад енергијата што ја носи на сцената и пред камера, за патот до успехот што секогаш не изгледа лесен како што изгледа од страна. Стефан открива и кои се неговите идни желби и амбиции – што е следниот чекор за еден млад уметник кој веќе ги освои симпатиите на јавноста.

– Главната работа е да не престанеш да создаваш. Ако во некој момент немаш нешто подобро од претходното — не е ништо страшно. Често разговарам со блиски луѓе, на пример со Стефан Лазаров. Тој ми вели: „Го чувствувам притисокот, чувствувам потреба да кажам нешто, морам да им се обратам на луѓето, да ме има.“ Не, не мораш. Ако немаш нешто паметно да кажеш, ако немаш нешто квалитетно да создадеш, подобро од претходното — нема потреба да се форсираш. Не си создавај непотребна тензија. Затоа треба да дозираш. Буквално, кога ќе сфатам дека сме претерале, кога почнувам да им станувам напорен на луѓето и „излегувам од фрижидер“, си велам: „Чекај малку. Или ќе намалиме, или ќе смислиме нешто ново.“ Затоа што ако истото се повторува постојано, ќе станеш досаден – вели Стефан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот