Плакат за отворањето на 22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“

Изложбата на 22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“ ќе биде отворена во „Европска куќа – Велес“

Стрип-манифестацијата Меѓународeн салон на стрип „Велес“ во своето 22-ро издание ќе биде отворена на 20 август, со почеток во 20 часот, во „Европска куќа – Велес“.

На отворањето на манифестацијата ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс и ќе биде отворена изложбата со избрани дела по истиот конкурс. Исто така, ќе се претстават и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип-серијал „Вековници“, а промотор ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.

Како што претходно информираа од Стрип-центарот на Македонија, годинава, на традиционалниот стрип-конкурс се пријавија рекордни 396 автор од целиот свет, од кои 164 се од нашата земја.

Жирито веќе ја заврши својата работа, а неизвесноста ќе расте до отворањето на изложбата во „Европска куќа – Велес“, кога ќе се прогласат најдобрите автори и стрипови.

Како што извести Томе Трајков, еден од координаторите на овој проект, активностите ќе продолжат и следниот ден, кога ќе почне вториот сегмент на салонот, а тоа е седмата стрип-колонија. Од 21 до 24 август во излетничкото место Нежилово стрип-автори од различни генерации од Бугарија, Србија и Македонија заеднички ќе творат свои стрипови.

Поддржувачи на настанот се Министерството за култура и туризам на Македонија, Општина Велес, „Европска куќа – Велес“ и многубројната стрип-заедницата во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот