Изложба и промоција на фотографот Влатко Деков

„Прага интима“ е личен, интимен портрет на еден од најубавите градови во светот, Прага. На трагите на она што го работеше познатиот чешки фотограф, Јосеф Судек, „Прага интима“ ги доловува скриените, вонвременски делови на градот, најчесто без присуство на луѓе. Проектот е работен 2 години, период во кој авторот ја посетува Прага 5 пати, живее и ја фотографира  вкупно 44 денови, во текот на летниот и во зимскиот период.

Ќе бидат изложени 34 црно бели фотографии. Воедно ќе биде промовирана и фото книга со истото име како и изложбата.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а книгата е во издание на Издавачката куќа ИЛИ ИЛИ од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот