Изгледот на хрватската политичарка не престанува да воодушевува: Кој се грижи за „линијата“ на Колинда Грабар Китаровиќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Обично популарни или помалку познати убавици што навиваат од трибините на светските фудбалски првенства, забележани од публиката и од новинарите, си ја обезбедуваат својата светска слава, но интересно е кога вниманието ќе падне на политичарка што изгледа како манекенка.

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, беше една од највпечатливите навивачки за хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар. Беше присутна на трибините до самото финале, фудбалскиот натпревар меѓу Аргентина и Франција, а пред и зад камерите се дружеше, освен со политичари, и со познати спортисти, ѕвезди од калибарот на Дејвид Бекам и Златан Ибраимовиќ.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Со своите модни избори го воодушеви целиот регион, но тоа што особено го привлече вниманието беше што – сè што облече, само ја нагласи нејзината беспрекорна фигура. На секоја објавена фотографија на социјалните мрежи од случувањата во Катар, убавата политичарка собираше многубројни комплименти, но и прашања – како ослабела, како ја довела „линијата“ до беспрекорност?

Како ослабна Колинда?

Во последнава година, самата политичарка често ја откриваше исхраната на која се придржувала и со која ослабела речиси 30 килограми. Станува збор за липосукциска исхрана, програма за здраво слабеење осмислена од сараевскиот нутриционист Кенан Мандра.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

– Многу луѓе ме прашуваат која е мојата тајна, а јас одговарам дека за мојата добра линија се заслужни движењето и липосукциската исхрана – одговори Колинда.
Таа откри и во што се состои нејзината исхрана:

Објаснува дека пие голема количина вода, кафе избегнува поради кофеинот, како и црно вино поради нетолерантност на хистамин. Од масла користи домашно маслиново масло и малку путер.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Во фрижидерот секогаш има многу овошје и зеленчук, особено авокадо. Целосно го исклучила шеќерот и лебот од исхраната, а за да остане активна и сита во текот на денот, тука се суплементите на „Интернешнал хелт“, едни од клучните фактори за успешно слабеење според програмата на диетотерапијата липосукциска исхрана.

Што е липосукциска исхрана?

Со липосукциска исхрана можете да изгубите седум до десет проценти од телесната тежина за две недели, а протоколот се заснова на зголемено внесување масти и протеини и намалено внесување јаглехидрати. Се пијат вкусни протеински шејкови, се земаат аминокиселини и се јаде исклучиво здрава храна, вклучувајќи месо, риба и зеленчук приготвени на медитерански начин.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Липосукциската исхрана е обратен процес од дебелеењето. Таа работи на сосема природен принцип на метаболизмот на мастите – за да му се овозможи на телото да се храни со сопствените резерви на масти. За време на третманот не се менуваат биохемиските параметри на организмот, туку само се користи природниот метаболизам и се активираат масните резерви од телото, кои се користат како извор на енергија.

Протоколот за слабеење се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и за одржување на килограмите и трае исто така 14 дена.

Диетотерапија – липосукциска исхрана која е достапна и во Македонија. Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ – Скопје (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот