Издаден налог за апсење на Даниел Стариџ

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Eкс-фудбалерот на Ливерпул и Челси, Даниел Стариџ се соочува со сериозни проблеми откако во Лос Анџелес бил издаден налог за негово апсење, објавија медиумите.

Причината поради која е издаден налогот е по малку бизарна – неисполнето ветување. Имено, Стариџ во 2019 година вети награда за тој што ќе го пронајде неговото изгубено куче, а набрзо раперот Кила Фејм се пофали дека успеал да го пронајде кучето.

Сепак, подоцна раперот откри дека фудбалерот не си го исполнил дадениот збор. Поради тоа тој започнал постапка против него, а судот во Лос Анџелес пресуди дека Стариџ треба да плати 30.000 долари.

Стариџ не се жалеше на оваа одлука, но не ја ни испочитува. Според законите, закажано беше ново рочиште на кое Стариџ требаше да се појави и поднесе докази за финансиската состојба во која се наоѓа во овој момент.

Фудбалерот ја игнорираше и оваа одлука, па на судот не преостана ништо друго освен да издаде налог за негово присилно доведување.

„За моите адвокати во случајот потрошив над 10.000 долари. Судот донесе пресуда, но Даниел очигледно мисли дека е над законот. Откако сега е издаден налог за негово апсење верувам ќе мора да ги плати парите“, изјави Фејм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот