Педро Мартинез/EPA/Miguel Angel Polo

Избран тренерот на сезоната во Евролигата

Шпанскиот кошаркарски стратег Педро Мартинез е избран за најдобар тренер во Евролига, во гласањето на неговите колеги од елитното натпреварување.

Мартинез ја предводеше Валенсија до одлично второ место на табелата со скор 25-13, при што неговиот тим се истакна со офанзивен и атрактивен стил на игра. Валенсија имаше и најдобар напад во лигата со просек од 90,9 поени по натпревар.

Во изборот зад него се најдоа Томас Масјуљис од Жалгирис на второто место, додека трет беше Георгиос Барцокас од Олимпијакос. Четвртата позиција му припадна на Шарунас Јасикевичиус, тренерот на Фенербахче.

Со ова признание, Мартинез влезе во историјата како прв тренер на Валенсија кој ја освоил оваа награда во Евролигата, но и како прв што бил прогласен за најдобар стратег во двете најважни европски клупски натпреварувања, откако претходно триумфираше и во Еврокуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот