Изборите во Косово се одвиваат без проблеми, оцени набљудувачката мисија на ЕУ

Косово избори 2021/ Фото: МИА

Шефицата на набљудвачката мисија на Европската унија за парламентарните избори во Косово, Виола вон Крамон-Таубадел, по посетата на неколку гласачки места, оцени дека денешниот изборен процес во земјата, во првата половина од денот, се одвива непречено, јави дописникот на МИА од Приштина.

Крамон-Таубадел во гласачкиот центар во Филолошкиот факултет на Приштинскиот универзитет изјави дека мисијата евидентирала неколку инциденти, но дека генерално изборните процедури се одвивале без проблем.

– Имаше неколку помали инциденти, но генерално сите процедури, според нашиот мониторинг, течат добро и без проблеми. Мислам дека имаше неколку гласачи кои не се наоѓаа на своите гласачки места, или нешто слично, меѓутоа, според она што го мониториравме, околу 98 отсто од процесот се одвива добро и без проблеми – изјави Крамон-Таубадел.

Таа оцени дека, иако има уште неколку часа до затворањето на гласачките места, досега немало индиции кои би можеле да предизвикаат загриженост.

Набљудувачката мисија на ЕУ го покрива денешниот процес на гласање со 58 набљудувачки тимови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот