Ивона Јо со татко ѝ / Фото: Инстаграм/Ивона Јо

Ивона Јо: Живеам со гласовните пораки од покојниот татко

Пејачката Ивона Јо, во своето последно гостување во емисијата „Никој да не знае“, отворено прозборе за болката по загубата на својот татко и за важноста на заедничките моменти, кои често ги земаме здраво за готово. Низ емотивно потсетување на нивните заеднички спомени, таа сподели и лична поука.

Зборувајќи за недостигот од својот родител, Ивона призна дека денес често се навраќа на старите спомени, но посакува да имала повеќе материјални сведоштва за нивната блискост. Иако нејзиниот татко не сакал да се фотографира, таа ги чува неговите гласовни пораки како најголемо богатство.

 

Ивона Јо со татко ѝ / Фото: Инстаграм/Ивона Јо

„Од оваа перспектива, секако, кога веќе едниот родител го нема, секој миг што сум го поминала со него го враќам и можеби малку ми е криво што тој не сакаше да се слика. Да, и сега имам малку слики. Имам малку помалку фотографии со него, ама имам доволно, фала му на Бога и за тие. Имам и видеа, имам и гласовни пораки со кои живеам, кои ги слушам, ако не секојдневно, тогаш секој втор ден, и ги носам со себе. И затоа, еве совет до младите, но и до постарите што нè гледаат – секогаш да поминуваат време со родителите, со сите околу нас, и да се прегрнуваат, затоа што не знаеме кога последен пат ќе го прегрнеме нашиот родител“, рече пејачката.

Нејзиниот татко ненадејно почина во септември.

Таа апелира до сите генерации да не ги одложуваат средбите, разговорите и прегратките со своите најблиски, бидејќи токму тие моменти остануваат како највреден спомен кога саканите личности физички повеќе не се со нас.

Предновогодишно интервју со Ивона Јо, пејачка: Животот е многу краток — гушнете ги вашите најблиски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот