Билјана Ивановска / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Ивановска: Една година по трагедијата во Кочани, ништо не е сменето

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, упати остри критики за функционирањето на институциите, посочувајќи дека трагедијата од 16 март во Кочани е сериозен аларм за системските слабости.

Во гостување на „4ТВ“, Ивановска рече дека и претходно имало анализи и укажувања за неправилности, но тие не биле соодветно третирани од институциите.

„Ме погоди трагедијата на 16-ти март во Кочани. Ние имавме истражувања, анализа направена за скопски кафулиња, каде што сме утврдиле дека имало инспекциски надзори дека треба да бидат затворени, но биле отворени и јасно е дека тука делувале некои центри на моќ коишто им овозможиле на тие локали да работат. Ги покажавме на јавна седница и ги испративме препораките до соодветни институции, но никому ништо“, рече Ивановска.

Таа вели дека отсуството на реакција од надлежните институции покажува дека не се почитува ниту се вреднува вложениот труд, што, според неа, е доволен сигнал дека се потребни сериозни промени.

„Затоа велам дека нема почитување, не се вреднува работата, тоа е доволен аларм нешто да се направи. Зарем треба да изгори некој па после да имаме вонредни контроли? Па зошто имаме вонредни контроли? Затоа што немаме редовни! Ако системот функционира како што треба, тогаш нема што вонредно да се прави“, додаде таа.

На прашањето дали по една година има промени, Ивановска одговори кратко и децидно: „Не“.

Ненад не нè изненади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот