Ѓорге Иванов, поранешен претседател на РС Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Иванов: Со Договорот со Бугарија власта во Македонија сака да реши едно прашање

Демократијата не може да се увезува – единствена вистинска демократија е демократијата која потекнува од народот, од политичката самосвест, од учествувањето во политичкото одлучување за иднината, изјави поранешниот преседател на државата Ѓорге Иванов на научниот собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година“ организиран од Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност.

– Во духот на народната „љубовта е слепа, но соседите сè гледаат“, Македонија ја доживеа својата 30-годишнина од независноста, која ни проаѓа без радост и среќа, која ја дочека како земја од групата на хибридни режими, која се стреми кон автократија, делумно слободна и на 111 место, според корупцијата во светот – истакна Иванов.

Според него, со Охридскиот договор, покрај сите предупредувања македонскиот народ од националитет се сведе на етницитет.

– Оттогаш се веќе беше подготвено, за тоа она денес ни се случува. Како претседател често посочував и предупредував за она што сега ни се случува. Предупредив дека цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, идентитет и јазик, нема ниту македонско прашање, изјави Иванов.

Предупредував, нагласи тој, дека со Договорот од Преспа се става крај на Република Македонија каква што ја знаеме и затоа, ниту учествував, ниту потпишав таков договор.

– Со Договорот со Бугарија власта во Македонија сака да реши едно прашање, кое ќе ја задоволи само бугарската страна. Она што Македонија го добива за возврат е само понижување, преку одрекување и отуѓување од сопствената историја, без кое немаме компас за иднината, изјави Иванов.

Македонскиот народ, посочи Иванов, се изјасни против избрзани и наметнати штетни решенија, донесени без претходно постигнат национален консензус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот