Италијанскиот виролог Крисанти: Лицата кои прележале ковид-19 се имуни најмалку девет месеци

Фото: youtube/printscreen

Сè уште не знаеме колку долго трае имунитетот по вакцинирање против ковид-19, но знаеме со сигурност дека оние кои ја прележале болеста се заштитени меѓу девет и 10 месеци, изјави денеска познатиот италијански виролог, Андреа Крисанти.

До таквите податоци, според него, се дошло во истражување што се спроведува меѓу жители на општина во регионот Венето во кој на 21 март лани беше регистроран првиот случај на вирусот во Италија.

Професор Крисанти вели оти е утврдено дека лицата кои го прележале коронавирусот во првиот бран на пандемијата, а потоа биле во контакт со позитивни случаи во вториот бран, не само што не се инфицирале, туку кај нив е утврдено развој на уште повеќе антитела.

– Значи имунитетот на оние кои ја прележале инфекцијата трае најмалку девет месеци, а многу веројатно и подолго, заклучи Крисанти, пренесува агенцијата Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот