Зимски Олимписки Игри/olympics.com

Италијанците спречиле хакерски напад два дена пред почетокот на Олимписките игри – вмешана е Москва?

Само два дена пред стартот на Зимските олимписки игри во Италија, од Апенините пристигнуваат информации за спречен сериозен сајбер напад, за кој италијанските власти тврдат дека има траги кои водат кон Москва.

Според достапните информации, хакерските напади биле насочени кон клучни државни институции, меѓу кои и системи на италијанското Министерство за надворешни работи. Мета биле и италијанската амбасада во Вашингтон, како и интернет-страници поврзани со организацијата на Зимските олимписки игри, но и хотели во Кортина, еден од главните олимписки центри.

Случајот го потврди и шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, кој јавно изјави дека надлежните служби утврдиле дека нападите потекнуваат од руска страна.

Игрите официјално започнуваат за два дена, а свеченото отворање е закажано за петок, што дополнително ја зголемува чувствителноста на ситуацијата. Во меѓувреме, беше откриено и дека се компромитирани лични податоци, имиња и е-пошта адреси на вработени во Министерството за одбрана, кои подоцна се појавиле на таканаречениот „dark web“.

Според информациите од истрагата, сајбер криминалците дошле до овие бази на податоци преку пробивање на системите на надворешен изведувач, ангажиран од Министерството за одбрана за одржување и градежни активности. Италијанските власти уверуваат дека безбедносната состојба е под контрола, но истрагата продолжува со засилено темпо.

Линдзи Вон посилна од повредата – додека има шанса, ќе се обиде да настапи на ЗОИ 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот