Фото: Screenshot/Klix.ba

Италијанците пратиле војник на ЕУФОР да ги шпионира Босанците?

Необична ситуација го одбележа последниот тренинг на Босна и Херцеговина пред клучниот бараж дуел со Италија, откако, според информациите на порталот ,,Klix.ba” тренингот бил неовластено сниман од припадник на ЕУФОР.

Иако почетните 15 минути од тренингот биле отворени за јавноста, по истекот на тој период, воениот припадник останал во близина, извадил телефон и продолжил да снима, што предизвикало сомнежи кај домаќините. Дополнителен проблем претставува и фактот што базата на ЕУФОР се наоѓа во непосредна близина на тренинг-кампот.

Од Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина реагирале веднаш и поднеле официјална жалба до мисијата на ЕУФОР поради инцидентот.

Во меѓувреме, вниманието е насочено кон натпреварот што следува утре од 20:45 часот, во кој БиХ и Италија ќе решаваат за пласман на Светското првенство.

Анчелоти убеден: Италија ќе ја елиминира Босна, сигурен сум сто отсто

Мамиќ гори од желба пред Италија: Време е Босна на цел свет да му ја е*е мајката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот