Здравко Мамиќ/EPA/ANTONIO BAT

Мамиќ гори од желба пред Италија: Време е Босна на цел свет да му ја е*е мајката

Босна и Херцеговина утре во Зеница (20:45 часот) ќе се обиде да ја совлада Италија во натпревар што носи директен пласман на Светското првенство.

Поранешниот прв човек на Динамо Загреб и контроверзниот бизнисмен Здравко Мамиќ, кој избега во БиХ откако во Хрватска беше правосилно осуден на шест и пол години затвор поради извлекување околу 52 милиони куни од клубот, е уверен дека домашната селекција ќе слави во овој историски дуел.

БиХ има шанса да испише ново поглавје во својата спортска историја, а во пресрет на натпреварот, познатиот спортски новинар Сабахудин Бахо Топалбегиревиќ во вклучување во живо на Инстаграм разговараше со повеќе јавни личности меѓу кои беше и Мамиќ.

„Навивам за БиХ. Секако дека ќе бидам во вторник во Зеница. Ќе седам во првите редови, со знаме или шал на репрезентацијата, заедно со моите внуци ќе навивам за Босна и Херцеговина“, порача Мамиќ.

Тој додаде дека е недозволиво некој што живее во земјата да не ја поддржува репрезентацијата.

„Секој може да навива за кого сака, но нормално е сите што живееме тука и чии деца растат овде да бидеме со БиХ. Во цела Босна сакам заедно да славиме, да ја кренеме на нозе, време е оваа земја да ја е*e мајката на цел свет““, истакна тој.

На крајот испрати и порака за заедништво, повикувајќи на масовна поддршка и славје доколку селекцијата избори пласман на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот