Италија ќе добие 170 милијарди евра од средствата на ЕУ фондот

Џентолини: Средствата од ЕУ фондот првично ќе бидат наменети за решавање на кризата.

Средствата што ќе ги добие од Фондот за закрепнување на Европска Унија, Италија првенствено треба да ги користи за решавање на економската криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, истакна Европскиот комесар за економија Паоло Џентолини.

ЕК вчера претстави план за поттикнување на економските активности во висина од 750 милијарди евра, а Италија ќе добие околу 170 милијарди евра.

– Италија треба тие пари да ги троши за решавање на кризата, но на среден и долг рок мора да се врати на патот на управување со долгот на одржливо ниво бидејќи во спротивно ризикува да западне во проблеми во следните години, посочи Џентолини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот