Италија и` симнува капа на Албанија поради туристичкиот бум оваа летна сезона

Албанија се повеќе се смета за алтернативна евтина туристичка дестинација во споредба со другите попопуларни и поскапи земји, како што се Шпанија, Грција и Италија, пишува познатиот италијански весник „Ил Месаџеро“.

Албанија доживува рекордни резултати во туризмот оваа 2023 година. Во првите седум месеци од годината, Албанија регистрирала над 5,1 милиони туристи, 31% повеќе отколку во истиот период од 2022 година, што веќе беше рекорден период.

„Во јули 1,7 милиони странски посетители избраа да ја посетат Албанија, 26% повеќе од пред една година“, изјави министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро.

Според податоците објавени од Министерството за туризам, на врвот на рангирањето остануваат туристите од Косово, а потоа и посетителите од другите европски земји. Во последните месеци, бројот на Шпанци кои избраа да ја посетат земјата е двојно зголемен во споредба со минатата година.

Бројот на Турците во Албанија е зголемен за 142%, Црногорците е зголемен за 62%, Французите за 58% и Италијанците за 53% во однос на лани. Многу се зголеми и бројот на Кинезите, за 152 отсто, главно благодарение на договорите за соработка меѓу двете земји.

Италијанската министерка за туризам, Даниела Сантанче, на почетокот на август во Тирана се сретна со својата колешка Мирела Кумбаро.

Албанската министерка Кумбаро по тој повод објави дека Албанија во првите шест месеци од годинава примила над 310 илјади италијански туристи, 57 отсто повеќе отколку во истиот период пред една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот