Италија ги повлекува од употреба кинеските медицински маски Ффп2 и Ффп3: Имаат 10 пати помала моќ за филтрација од наведеното
Италијанското Министерство за здравство испрати итно предупредување дека околу 250 милиони медицински маски увезени од Кина минатата година, за време на првиот бран на пандемијата, не филтрираат доволно и поради тоа треба да се повлечат од употреба.
Таквите маски се доделени во здраствените институции и старските домови.
Во предупредувањето од Министерството за здравство се наведува дека треба да се повлечат 12 типови на медицински маски од сериите Ффп2 и Ффп3 бидејќи десетпати имаат помала моќ за филтрација од наведеното на декларацијата на производот.
Здравствена институција од Горација алармираше за маските по направените тестови, при што е утврдено дека не штитат доволно, а подоцна се вклучи и Обвинителството, кое ја испитува одговорноста на поранешниот директор на Цивилната заштита Доминик Аркури, кој ја одобри набавката на медицински маски за 1,25 милијарди евра.