Истражување: Јавните претпријатија со раководни структури без или со мало работно искуство

„Праксата покажува дека членовите на управните и надзорните одбори се избираат во нетранспаретна процедура, без јавност во процесот и со силно партиско влијание“

Околу половина од лицата на раководни функции во јавните препријатија воопшто немале искуство или имале до пет години искуство во работата на препријатието, покажува истражувањето направено од Институтот за демократија „СоциетасЦивилис” – Скопје (ИДСЦС).

 

Истражувањето укажува дека кај новоназначените директори, 17 проценти немаат никакво искуство од областа на претпријатието, осум проценти имаат искуство од една до три години, а 17 проценти имаат искуство меѓу четири и пет години. Наспроти ова, 58 проценти од назначените директори имаат искуство во работата од шест или повеќе години, а само една третина се со над десетгодишно искуство.

Кај надзорните органи состојбата е многу полоша, односно дури 62 проценти од членовите се со искуство до пет години, а речиси секој петти член на надзорен одбор воопшто нема искуство во областа на работа на претпријатието. Кај управните органи, 37 проценти од членовите немаат никакво искуство, а 54 проценти се со искуство од барем шест години.

– Владата, како и други власти кои ги именуваат управувачките структури на јавните претпријатија, мораат да се водат од принципите на јавност и  компетитивност. Предлог измените на Законот за јавни претпријатија кои низ консултации беа развиени во 2019 година,  гарантираат воведување зајакнати критериуми за избор кои ќе бидат фокусирани на искуство и вештини, велат од Институтот за демократија.

На телефонската анкета која била спроведена од агенцијата М-проспект, Институтот за демократија „СоциетасЦивилис” – Скопје (ИДСЦС) ги праша граѓаните за свое мислење за работата на јавните претпријатија:

Кликнете тука за целосната анализа на Институтот за демократија “СоциетасЦивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот