Истражувачкото новинарство откри над 80 криминални сајтови што глумат „инвестициски платформи“

Проектот за истражување на организиран криминал OCCRP во најново истражување посочува дека разоткриле 81 инвестициска платформа кои всушност биле измама. Станувало збор за измама која функционирала на следниот начин – платформите изгледале како различни брокери што се натпреваруваат за вашата инвестиција. Но, заткулисно во секоја од нив работел истиот персонал, ги имале истите внатрешни ексел табели и истата цел – да ви ги исцицаат парите. Речиси четири години, покажува истражувањето, дузина инвестициски платформи биле рекламирани на светската публика. Ветувале лесни профити од трговија со валути, злато, нафта и гас, криптовалути и други популарни средства. Главна мета им биле новите инвеститори, рекламирале „регуларни консултации со персонални аналитичари, експерти за разгледување на пазарот и атрактивни таканаречени бонуси за добредојде“.

Всушност, сите овие платформи ѝ служеле на една иста измамничка операција со дузина агентти што работеле во кол-центри во Кипар, Бугарија и Шпанија. Измамиле илјадници луѓе ширум светот убедувајќи ги да „инвестираат“ но инвестициите во најголемиот дел од случаите заминала во неповрат.

Репортерите ги открија следните 81 „брендови“ на измама преку протечени аудиоснимки, видеа и документи од компјутерите на измамниците. Имињата на лажните инвестициски платформи се претставени на фотографијата што истражувачките новинари ја претставија во своето истражување, а целата сторија може да ја прочитате на следниот линк. 

Извор OCCRP
Извор OCCRP

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот