Истрага против гостиварец кој поседувал автоматска пушка

Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Гостивар спроведе истражна постапка против 30-годишен гостиварец, осомничен за неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи.

-Осомничениот, на 6 ноември управувал автомобил „мерцедес – А класа“ по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар. Кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри – соопштија од ОЈО Гостивар.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот