Историски триумф на Шкендија во Европа – падна Шелбурн во Скопје

Фудбалерите на Шкендија ја забележаа својата прва европска победа во Конференциската лига на УЕФА, совладувајќи го ирскиот Шелбурн со 1-0 пред околу 3.000 гледачи на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Ова е прв триумф на тетовскиот клуб во европските натпреварувања, но и историски успех за македонскиот фудбал.

Првото полувреме помина во мирна игра без поголеми шанси, со повеќе борба на средината од теренот. Тамба се обиде со удар од далечина, но без резултат. Во вториот дел, по влегувањето на Рамадани и Спахиу, Шкендија заигра поофанзивно и создаде неколку прилики, додека Шелбурн преку Којл ја погоди стативата.

Клучниот момент дојде во судиското продолжение – по корнер и удар на Роналдо Вебстер, топката се одби од противничкиот дефанзивец Патрик Берет и заврши во мрежата за автогол и победа на Шкендија.

Со оваа победа, Шкендија ја отвори својата европска приказна со историски три бода, а следниот натпревар го очекува против полската Јагјелонија во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот