Фото: илустрација / Rawpixel / скриншот

Историска пресуда во Италија: дете официјално има двајца татковци и една мајка

Италијански суд донесе историска пресуда со која им призна родителство на тројца луѓе – двајца татковци и една мајка, на четиригодишно дете, што предизвика остри реакции од конзервативните католички кругови. Одлуката, која денеска ја објавија бројни италијански медиуми, ја потврди Пасква Манфреди, адвокатот на еден од татковците на момчето, пишува Ројтерс.

Станува збор за дете родено во Германија, каде што живее со двајца оженети мажи. Едниот од нив е биолошкиот татко, а детето е зачнато со жена која е пријателка на двојката. Небиолошкиот татко, кој има италијанско и германско државјанство, го посвоил детето во согласност со германскиот закон и побарал посвојувањето да биде признаено и во Италија.

Локалните италијански власти првично го отфрлиле неговото барање, сомневајќи се дека станува збор за случај на сурогат-мајчинство во странство, кое десничарската влада на Џорџа Мелони неодамна го прогласи за кривично дело. Сепак, Апелациониот суд во Бари ја поништил таа одлука, утврдувајќи дека во овој случај нема договор за сурогат-мајчинство.

Оваа конечна пресуда значи дека Италија, како и Германија, признава дека детето има двајца татковци и една мајка.

„Тука немаше таен договор за сурогат-мајчинство, туку станува збор за тројца кои сите сакаат да бидат родители на дете, што судот го призна“, изјави адвокатот Манфреди за Ројтерс.

Едно од 200 германски семејства е со родители од ист пол кои имаат деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот