„Исто сме блесави“: Вера од „Љубојна“ прослави важен јубилеј
По три децении од завршувањето на средното образование, Вера Милошевска-Јосифовска од Љубојна заедно со својата генерација одбележа значаен јубилеј – 30 години матура, во атмосфера исполнета со смеа и убави спомени.
Препорачано
На фотографиите споделени на социјалните мрежи може да се забележи весело дружење со поранешните соученици, каде што насмевките и добрата енергија сведочат дека пријателствата создадени во младоста сè уште траат.
„На тема матура, чиста 30-ка… а ние исто блесави. Нека ни се множат другари, убав клас сме биле“, напиша Вера во описот на фотографијата.

Во едно интервју за „Слободен печат“, Вера зборуваше и за односот кон традиционалната музика и нејзиното место во современото општество.
„Интересот за традиционалната музика, освен што се буди поинтензивно во одредени општествени околности и периоди, според нејзиниот статус во генералната современа медиумска и општествена слика, е маргинализиран, а таков бил и кога јас сум растела. Не била особено популарна, ниту, пак, можеме да се пофалиме дека на глобално ниво, еве нека е на ниво на општа култура, сме некои познавачи на сопствената музичка традиција.
Така што, нејзиното повторно „оживување“ е поврзано со нејзината современа популаризација во рамките на творештвото на одредени музички дејци, меѓу коишто групата „Љубојна“ зазема огромен дел од тој мозаик. На тој начин оживеа песната „Твојте очи, Лено мори“, за чијшто феномен како културна појава имам посветено неколку поглавја во монографијата, оживеаја многубројни песни, кои ги знаел овде-онде по некој, но далеку од тоа дека биле толку широко распространети до пред некоја деценија“, рече Вера во интервјуто.


