„Ист Гејт Мол“: Продолжуваме со работа, станува збор за изолиран инцидент

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Трговскиот центар Ист Гејт Мол по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по инцидентот со огнено оружје што се случи денеска во 15:00 часот, информираат од трговскиот центар.

„Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22:00 часот, соопштија од Ист Гејт Мол.

Оттаму посочуваат дека трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот