Исплатени премиите за пласман во квалификациите на ЕП 2021

Фото: МКФ

Од федерацијата очекуваат враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото, на горните позиции.

Кошаркарите ја добија премијата во висина од 750.000 денари за пласман во квалификациите за учество на наредниот континентален собир.

Во оваа прилика, КФСМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФСМ.

„Исплатена е премијата во висина од 750.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година“, одлучи Управниот Одбор на КФСМ.

Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое федерацијата очекува враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото, на горните позиции.

Во исто време од федерацијата се надеваат дека ова ќе биде само еден дополнителен стимуланс на членовите на нашиот национален тим, пред почетокот на квалификациите за Евробаскетот 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот