Исламофобијата се шири побрзо од коронавирусот

epa07986599 A group of women protesters in headscarfs hold a poster reading 'Stop to Islamophobia', as people and members of anti-racism associations march to protest against Islamophobia in Paris, France, 10 November 2019. Protesters gathered to protest against the anti-Muslim acts in France. The demonstration was called by the Collective Contre l?Islamophobie in France (CCIF), following an attack against a mosque in Bayonne on 28 October where an attacker killed two people that tried to stop him from setting a fire at the doors of the mosque. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Предрасудите за муслиманите можат да се пронајдат на секој чекор во Европа. Не само што ние колективно ги сметаме за помалку вредни и во исто време ги дискриминираме Европејците што практицираат ислам, туку во последно време се забележува и тенденција на насилство врз припадниците на оваа религија – сметаат авторите на анализата

Членките на Европската Унија се тешко погодени од пандемијата предизвикана од коронавирусот, што резултира со здравствена и економска криза од досега невидени размери. Сепак, во исто време во Унијата се случува уште една пандемија од социјален аспект, откако е забележан галопирачки пораст на антимуслиманскиот сентимент меѓу жителите на членките, но ниту една од владите не презема ништо особено за да се справи со овој негативен тренд.

Во анализата на Патриција Сансал од Полска и Јасмин Ел Менуар од Германија, а која се темели на податоците добиени од испитувањето на јавното мислење во земјите од ЕУ, како и во Британија и во Швајцарија, констатирано е дека поголемиот дел од жителите на овие држави се антимуслимански расположени.

– Предрасудите за муслиманите можат да се пронајдат на секој чекор во Европа. Не само што ние колективно ги сметаме за помалку вредни и во исто време ги дискриминираме Европејците што практицираат ислам, туку во последно време се забележува и тенденција на насилство врз припадниците на оваа религија – сметаат авторите на анализата, кои се експерти на полето на политички и општествени науки.

Алармантен раст на насилството врз муслиманите

Положбата на муслиманите во Европа почна нагло да се влошува во 2015 година, за време на мигрантската криза, по што следуваа и грозоморните терористички напади во Франција, Германија и во Шпанија. Истражувањето на невладината германска асоцијација „Бертлесман штифунг“, спроведено во 2019 година, потврди дека сентиментот на недоверба кон муслиманите е раширен низ ЕУ. Во Германија и во Швајцарија секој втор испитаник изјавил дека на исламот гледа како на закана. Во Британија на истото прашање потврдно одговориле два од пет испитаника. Во Шпанија и Франција вкупно 60 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека муслиманите не се компатибилни со западните културолошки вредности. Една третина од Австријците не сакаат за сосед да имаат муслиман.

Но, најзагрижувачко од сè е тоа што во меѓувреме нагло порасна насилството врз муслиманите во Европа, како и омасовувањето на десничарските здруженија, чија политичка платформа се заснова на антимуслиманска реторика. Овие негативни тенденции во членките на Унијата неодамна беа потврдени и во последниот извештај на ОБСЕ.

– Кривичните дека мотивирани од антисемитски и антимуслимански сентимент се зголемуваат со алармантна стапка на раст – се вели во извештајот на ОБСЕ.

Континентална исламофобија

Од Шпанија до Бугарија, од Грција до Финска, во сите овие земји речиси рамномерно расте антимуслиманската хистерија, а истражувањата посочуваат дека на тоа воопшто не влијае колку една е земја е богата или економски развиена ниту, пак, некаква особена улога игра големината на малцинската муслиманска зедница во некоја од државите.

Германската исламска заедница има 4,7 милиони луѓе и претставува 5,7 проценти од вкупната популација. Во Полска живеат околу 20.000 муслимани или 0,05 од популацијата. Германскиот БДП е седумпати поголем од полскиот, а Германија е и далеку религиски поразновидна од Полска. Разликата беше воочлива и во време на бегалската криза, кога Германија ги отвори, а Полска ги затвори вратите за мигрантите. Сепак, бројот на жители на двете земји што исламот го сметаат за опасен е огромен. Во Германија околу 52 проценти од населението, а во Полска 55 проценти.

Според законите на ЕУ, исламофобијата се третира како расизам и постојат предвидени мерки за казнување на сторителите на ова кривично дело. Сепак, состојбата во која запаѓа ЕУ тешко дека може да се реши со законски решенија и казнувања, бидејќи веќе во моментов поголемиот дел од Европејците на муслиманите гледаат како на опасност или во најмала рака не ги посакуваат за соседи.

Екстремисти во германската полиција

Повеќе од 300 случаи на десен екстремизам беа откриени во германската полиција и во безбедносните структури во последните неколку години, се вели во извештајот објавен од Федералната служба за внатрешно разузнавање.

Помеѓу јануари 2017 година и март 2020 година, идентификувани се 319 случаи, регистрирани на државно ниво и други 58 на сојузно ниво во полициските, царинските и разузнавачките агенции на земјата, се вели во извештајот на федералната агенција за внатрешно разузнавање.

Триесет и еден процент од случаите во безбедносните сили на државно ниво вклучувале неколку офицери, кои често работеле на исто одделение, се вели во извештајот.

Некои од случаите не можеле да бидат докажани и морало да бидат отфрлени – 21 процент на државно и 11 проценти на федерално ниво.

Соопштението доаѓа по откривањето на затворени групи за споделување расистичка и антисемитска содржина во државите Берлин, Северна Рајна Вестфалија и Мекленбург – Западна Померанија во последните неколку недели.

Само неколку часа по објавувањето на податоците, полициското одделение во Дрезден, во источната покраина Саксонија, соопшти дека тамошен офицер бил суспендиран во врска со пораки испратени на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот