Искуството на Николас Кејџ со коцкањето е приказна на денот!

николас кејџ
Николас Кејџ / Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Оскаровецот Николас Кејџ му отрил на Мерлин Менсон интересна коцкарска анегдота, која придонела многумина да го сметаат за легенда.

Славниот актер кариерата ја започна со малата улога во култната комедија „Златното време во Ридгемонт“ од 1982 година. Оттогаш тој глумел во бројни филмови поврзани со Лас Вегас и коцкањето, а за еден од нив, „Напуштајки го Лас Вегас“ во 1996 година е награден и со Златен глобус.

Но, откако донесе бројни зачудувачки финансиски одлуки (вклучувајќи го и купувањето на 15 куќи и украден череп од диносаурус, кој го чинеше 276 илјади долари), тој се најде во проблеми и започна да ја прифаќа речиси секоја улога која му беше понудена.

Во текот на гоините, Кејџ стана извор на фасцинантни анегдоти, а некои од нив ги сподели и во интервјуто со Мерлин Менсон. Во еден момент од нивниот разговор тема станало коцкањето, а Кејџ кој живее во Лас Вегас, откри дека ги избегнува казината. Сепак, Кејџ еднаш, пред околу 30 години, седнал на коцкарското столче, а поради тоа што следело многумина повторно го нарекле легенда.

Фото: Инстаграм

 

„Бев на Бахамите, влегов во казино и се чувствував победнички, како ништо да не може да тргне на лошо. Моја игра беше рулетот. Влегов со 200 долари и не пропуштив број, до таа мера што госпоѓата кога го вртеше рулетот кажа дека за неа нема ништо послатко од повторувач“, раскажа тој и додаде:

„За 20 минути 200-те долари ги претворив во 20 илјади долари, па отидов и најдов едно сиропиталиште на Бахамите, ги запознав сите деца и директорката и им реков: Ова е за вас. И ги ставив во раката сите пари и заминав. Никогаш повеќе не сум се коцкал, бидејќи доколку го сторев тоа, тоа би ја уништило силата на тој момент“, поентираше актерот.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот