Фото: Скриншот

Исечени каблите на брзата пруга кај Суботица на која возови летаат со 200 км на час

Имајќи предвид дека ваквите случаи се повторуваат, претпријатието „Инфраструктурата на железници на Србија“ изразува загриженост дека можеби не станува збор само за кражба, туку за намерна и смислена диверзија со цел оштетување на железничката инфраструктура меѓу Белград и Суботица, без оглед на можните катастрофални последици.

Непознати луѓе во текот на минатата ноќ ги пресекле каблите во железничката станица во близина на Суботица, Србија, и се обиделе да ги украдат, што предизвикало дефект на сигналните уреди и ја загрозило безбедноста на сообраќајот, возовите и патниците на целата брза пруга Белград – Суботица, објави „Данас“.

Претпријатието „Инфраструктурата на железници на Србија“ соопшти дека особено е загрозен сообраќајот на делот од пругата кај Наумовиќево, каде што возовите се движат со брзина до 200 километри на час, а според првичните проценки, возовите на брзата пруга ќе доцнат во просек околу пет до шест минути.

Оттаму наведуваат дека ова е вторпат во последниот месец и пол да се обиде кражба на кабли на брзата пруга.

Имајќи предвид дека ваквите случаи се повторуваат, институцијата изразува загриженост дека можеби не станува збор само за кражба, туку за намерна и смислена диверзија со цел оштетување на железничката инфраструктура меѓу Белград и Суботица, без оглед на можните катастрофални последици.

Вучиќ: Нема да дозволам да купуваме гориво во канти, Америка ни воведува санкции

Во соопштението се додава дека ваквите кражби не се насочени само против модерната брза пруга и железница, изградена според највисоки меѓународни стандарди, туку и против сите граѓани на Србија.

Благодарение на опремата за детекција и за лоцирање дефекти, како и на системите за заштита на сообраќајот, во текот на ноќта биле преземени сите неопходни мерки за одржување на безбедноста.

Дежурните екипи на „Инфраструктурата на железници на Србија“ се на терен и работат на поправка на каблите и на сигналните уреди за што поскоро нормализирање на сообраќајот меѓу Белград и Суботица.

Сите патишта водат кон Нови Сад: Србија се подготвува за годишнината од падот на натстрешницата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот