Исцрпен и „страшен“ за гледање: Новата фотка од Џастин Бибер пред болница е тажна! (ФОТО)

Музичката ѕвезда Џастин Бибер (25) искрено, неодамна призна дека боледува од лајмска болест, но дека веќе долго време се лекува.

Папараците го сликаа канадскиот пејач Џастин Бибер пред клиниката каде оди на редновна терапија, а на фотографијата јасно се гледа колку е тој изморен и без ведра енергија по која беше претпознатлив.

Бибер е одлучен да победи во оваа борба, а пред неколку дена се заблагодари на докторите за се што прават за него.

Фото: Профимедиа

– Благодарам на докторката Кристи Кид за помошта на мојата кожа. Ми помага доста околу тоа како се чуствувам – напишал Бибер.

Веста дека боледува од лајмска болест ја објави на Инстаграм, односно дека болеста ја загрозила неговата кожа, мозочните функции и воопшто здравјето.

– И додека многу луѓе зборуваат дека Бибер изгледа како го*но, не се свесни дека неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест. И не само тоа. Тоа се одразува на мојот вид, на мојата кожа, мозочните функции, енергија и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објавени во документарен филм кој наскоро ќе биде објавен на Јутјуб. Ќе може да дознаете со што сум се носел и сум се борел. Беа тешки неколку години, но со терапија која ќе ми помогне да ја победам болеста ќе се вратам подобар него било кога – напишал Бибер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот