Исчезнатиот скопјанец Абдул Албиен пронајден мртов

Семејството на скопјанецот Абдул Албиен кој исчезна пред 13 месеци, денеска информираше дека тој е пронајден мртов.

-Со огромна болка и тага сакаме да споделиме со Вас дека моштите на нашиот татко Алибен Абдул беа пронајдени. Денес нашето семејство ја доби оваа вест која ја споделуваме со цел да се заблагодариме на сите кои безрезервно ни беа поддршка и сила во изминативе 13 месеци. За сите кои се инвестираа во потрагата, Ви благодараме. На ден 21.03.2020 Сабота во 13 часот моштите на нашиот татко ќе бидат положени на гробиштата во Бутел- напиша неговата ќерка Мелиса на Фејсбук.

Со оглед на изречените мерки за социјално дистанцирање, пишува Мелиса, се задржуваме во округот на најблиското семејство и замолувам за одговорност на сите кои сакаат да присуствуваат и да се збогуваат со потребни мерки за самозаштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот