Исчезна двегодишно девојче од Бор, активиран системот „Најди ме“

Srbija, poznati se priključili akciji "Amber alert" Foto: Igor Mitrović

Две годишното девојче Данка Драгомировиќ исчезна во Бањско поле, една од населбите кај источниот српски град Бор. Во потрагата се вклучија и граѓани, кои се организираа и почнаа да го бараат детето.

фото: Социјални мрежи

Како што кажала мајката, таа е облечена во виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и е врзана во опавче.

Поради исчезнувањето на малата Данка, вечерва за првпат во Србија е активиран системот популарно наречен „Amber alert“, официјално наречен „Најди ме“, кој итно ја информира јавноста за исчезнување на дете.

Малото девојче се уште не зборува, а побегнало од погледот на мајката додека му давала вода на синот. Потрагата трае со часови, а во моментов околу 300 луѓе трагаат по девојчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот