Ирска догодина ги намалува даноците и ги зголемува пензиите

Ирска, илустрација / Фото: ЕПА

Ирска во 2022 година ќе ги намали даноците, ќе ги зголеми пензиите и детскиот додаток и ќе обезбеди ваучери за плаќање сметки за струја и гас за да им помогне на граѓаните да ги поднесат сѐ поголемите трошоци за живот, пренесува Ројтерс.

Даблин ќе ја продолжи програмата за субвенционирање на платите до вториот триместар.

Пакетот мерки што ќе биде објавен утре вреди 4,7 милијарди евра, а ќе вклучува значително поголеми вложувања, пред сѐ во достапни станови, објави Ројтерс.

Министерството за финансии на Ирска во саботата прогнозата за буџетски дефицит за годинава ја намали од 5,1 на 3,1 отсто бидејќи буџетските расходи биле помали, а даночните приходи како и економскиот раст биле поголеми од очекуваното.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот