Ирина Шајк ја вжештува атмосферата во новата модна кампања
Руската манекенка Ирина Шајк (33) со години е заштитно лице на многу луксузни брендови, вклучувајќи го и италијанскиот гигант Версаче. Во новата кампања, згодната бринета никого не остава рамнодушен.
Препорачано

Фотографијата направена од птичја перспектива, на која Ирина Шајк позира во минијатурно црно бикини и препознатливото луксузно палто на модната куќа Версаче, го обиколи светот со молскавична брзина.

Бројните таблоиди не можат, а да не бидат изненадени од одличното издание на згодната Русинка, која сè уште е една од најбараните модели во многу дизајнерски куќи.
Ирина и приватно е во многу блиска со Донатела Версаче, наследничката на овој италијански дизајнерски бренд, па не треба да изненадува што таа повторно блескаше во нивната нова кампања.

И овој пат сексапилот беше во прв план, па покрај бикините Ирина носеше вртоглаво високи потпетици со дијамантски ланец околу глуждот. Фантастични пропорции, одржана фигура, долги нозе и убаво лице.

На другите фотографии, Ирина е покриена само со луксузни перници од новата колекција додатоци и опрема за домот од истоимениот бренд.

Таа доби само пофалби за својот изглед во новата кампања. Бројни колеги, обожаватели и пријатели во коментари под фотографиите наведоа дека изгледа како божица.


